Сејдилија
историско село во Штипско, на територијата на денешна Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сејдилија (познато и како Севделија[2]) — историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Оџалија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има пасишта.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓало во областа Јуруклак, на северозападните ограноци на планината Плачковица, во денешниот атар на селото Оџалија. Под местото на север поминува Козјачка Река, месно позната како Коџа Дере.
Историја
Во XIX век, Сејдилија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сејдили имало 50 жители, сите Турци.[3]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото (Сејдиллиј) живееле 86 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.[5]
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads