Сидерово

поранешно село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Сидеровоmap
Remove ads

Сидерово (грчки: Μεσοβούνι, Месовуни; до 1927 г. Σιδέροβο, Сидерово[1][2][3]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци-муслимани.[4]

Кратки факти Сидерово Μεσοβούνι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и влегува во историско-географската област Чеч. Соседни села се Волак, Перух, Вршен, Странен и Долна Лакавица.

Историја

В Османската империя

На крајот од XIX век Васил К’нчов напишал дека Сидерово имало 80 куќи на Македонци-муслимани.[5][6] Според неговата стастистика („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сидерово или Сидарево живееле 195 Македонци-муслимани[5][7] во 45 куќи.[8]

Во Грција

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Сидерово (Σίδροβον, Сидеровон или Σιδέροβα, Сидерова) живееле 296 лица.[9] Во 1920 г. селото имало 247 жители.[4]

Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Месовуни (Μεσοβούνι),[2] што во превод значи „средна планина“ или „среден баир“. Во 1928 г. населението на Сидерово се состоело од 89 грчки доселеници од Турција (29 семејства).[3] Во 1940 г. населението се намалило на 54 жители. Селото се распаднало за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и потоа не е обновено. Мал исклучок е пописот од 1971 г. кога во него се заведени 2 лица.[4]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads