Синичане
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Синичане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 12 километри јужно од Тетово. Селото речиси целосно е споено со соседните села Камењане на север и општинскиот центар Боговиње на југ. Се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладува обработливо земјиште на површина од 149 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2]
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 52 христијански семејства и 2 неженети христијани.[3]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Синичане живееле 220 жители, сите Албанци.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 68 куќи со 395 жители, Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 селото брои 1.472 жители, од кои 1.469 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.205 жители, од кои 1.155 Албанци и 50 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2050 и 2050/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.327 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads