Камењане

село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia

Камењанеmap
Remove ads

Камењане — село во Општина Боговиње, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово. Населено е со Албанци.

Кратки факти
Remove ads

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Remove ads

Географија и местоположба

Камењане е големо село сместено во рамнината на котлината Полог од десната страна на автопатот Тетово - Гостивар. Сместено е во еден дол на самото подножје на Шар Планина, а поројната река Камењанска го дели на два дела[2]. Оддалечено е 7 километри јужно од градот Тетово. Атарот е мал и зафаќа простор од 5,9 км2. Населбата е рамничарска и се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Во Камењане работи деветгодишно училиште, амбуланта, пошта, има земјоделска задруга, урбанистички план, споменик на НОБ и разни услужни објекти.[3]

Remove ads

Историја

Селото Камењане е населено од дамнешни времиња. Во минатото било населено со Македонци, за што сведочи неговото име кое со потекло и значење од македонскиот јазик. За настанокот на името на селото се забележани 2 легенди. Според едната, во дамнешното минато при едно големо надоаѓање на поројната река, селото било сосем збришано и останало под камењата што ги донела поројницата[2], па оттаму местото го добило името Камењане (место со камења). Според другата легенда, по еден силен земјотрес селото се разурнало до темел, а од Шар Планина бил одронет огромен куп на камења и земја кои наполно го затрупале селото. Од тогашното село останале само камења и затоа неговите нови жители го нарекле Камењане[2]. Од поновата историја треба да се забележи дека Камењане до 2004 беше седиште на истоимената општина.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Камењане живееле 630 жители, сите Албанци.[4]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Камењане било дел од Долнопалчишка општина, во Долнополошкиот срез и имало 145 куќи и 1.252 жители, сите Албанци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.[6]

Селото броело 2.313 жители во 1961 година, додека во 1994 година се зголемува населението на 4.080 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.834 жители, од кои 4.825 Албанци, 1 Бошњак и 8 останати. Следува табела на националната структура на населението:[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.654 жители, од кои 2 Македонци, 3.383 Албанци, 3 Бошњаци, 1 останат и 265 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови:

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[13]

Камењане е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

  • Ајвазе (18 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Расим (жив на 40 г. во 1948 година) -Али-Таир-Реџеп-Ајваз, основачот на родот. Имаат иселеници во Истанбул.
  • Озуне (17 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Оџа (16 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Љоке или Љокмани (12 к.) доселени се од некое место кај Љума во северна Албанија.
  • Кице (7 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Хоље (30 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Башљоке (20 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Јусе (10 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Барјакар (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Џафере (5 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Бајре (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Стома (13 к.) доселени се од Горно Синичане. А таму доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Чече (19 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Нуре (4 к.) гранка се од претходниот род.
  • Чеалоке (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Ѓеле (19 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
  • Метовци (5 к.) доселени се од селото Урвич. Таму имаат роднини кои зборуваат македонски. Подалечно потекло имаат од Љусна во северна Албанија.
  • Чоропинци или Тутман (8 к.) доселени се од Горно Синичане. Таму имале истоимени роднини. Таму биле староседелци. Порано нивните предци зборувале македонски.
  • Ибраимови (2 к.) доселени се од селото Урвич. Подалечно потекло од Гора. Порано нивните предци зборувале македонски.
  • Чуле (8 к.) доселени се од селото Горно Синичине, каде што имаат истоимени роднини. А таму се доселиле од некое село во Гора. Порано нивните предци зборувале македонски.[14]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места место бр. 2053, 2054, 2055, 2056 и 2057 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на ново и старо основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.483 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од старите православни семејства кои живееле во селото се знае за Калимановци кои се иселиле во поречкото село Битово. Како и за постари иселеници во Тетово.[14]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads