Оризари (Кумановско)
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оризари — село во Општина Липково, Кумановско.
За други значења на поимот, погл. Оризари.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од 4,9 км2.[2] Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.
Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.[3]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Оризар како македонско село.[4] По извесно време овде се доселиле голем број Албанци, а македонското население драстично опаднало. На крајот од XIX век Оризари станало мешано македонско-албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Оризари имало 24 Македонци христијани и 180 Арнаути муслимани.[5][6]
На почетокот на XX век по податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари имало и 60 христијани — Роми.[7]
Remove ads
Стопанство
Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта[2]
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци и 50 Роми.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители, од кои 3 Македонци, 2.064 Албанци и 27 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.692 жители, од кои 1.666 Албанци и 26 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Оризарска џамија
- Детска градинка
Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Беловина — некропола од римско време
Личности
- Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај.
- Хајдар Јашари (1909–1991) — духовно лице
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads