Синозелена боја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Синозелена боја (или цијан, од старогрчки: κύανος) — назив за секоја боја во опсегот помеѓу сината и зелената. Во минатото не се сметала за посебна боја од видливиот спектар - боите што денес се нарекуваат синозелени се сметале за сини или делумно зелени и немале свое име бидејќи важеле за мешавини. Во системот на адитивни бои, поимот синозелена (цијан) се однесува на бојата што се добива при мешање на подднакво количество на сина и зелена светлина. Се добива и со отстранување на црвената од белата светлина, што значи дека е комплементарна на црвената: синозелените пигменти ја впиваат црвената светлина. Присутна е во бојните системи RGB и CMYK.
Некои тонови близу до синозелената се берија, тиркизната боја, електричната сина и аквамаринот.
Remove ads
Електрична наспроти печатарска
Силната синозелена бојна што се гледа на електронските приказни уреди се нарекува и „електрична синозелена“ за да се разликува од потемната тиркизна како печатарската синозелена (process cyan) согласно CMYK што се користи во печатењето во боја.
Семрежната боја „вода (аква)“ е синоним за електричната синозелена.
Remove ads
Во природата и науката
Молекули
- Чистата вода е речиси безбојна, меѓутоа прима малку повеќе црвена отколку сина светлина, што и ја дава синкавата нијанса при достатно голема количина. Ситните честички во водата го зголемуваат распрснувањето на сината светлина и таа се поместува малку кон зелената.[3]
- цијанидот го добил името од синиот пруски пигмент што се содржи во неговиот јон.
Бактерии
- Синозелени алги (цијанобактерии), важна алка во ланецот на исхрана.
Астрономија
- Планетата Уран има синозелена боја бидејќи атмосферата ѝ изобилува со метан.
Енергетика
Медицина
- Цијаноза - абнормално синило на кожата поради слаб довод на кислород
Remove ads
Поврзано
- Тиркизна боја
- Берија (боја)
- Аквамарин (боја)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads