Сир Дарја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сир Дарјаmap
Remove ads

Сир Дарја (персиски: سيردريا; таџикистански: Сирдарё; казашки: Сырдария ; арапски: سيحون; узбечки: Sirdaryo) — река во Средна Азија. Во антиката се нарекувала Јаксарт (од староперсискиот назив Јахша Арта = „Голема Бисерна“). Во сите средновековни арапски текстови реката се нарекува Сајхун (سيحون) и претставува една од четирите реки што извираат од Рајот (другите три се Аму Дарја, Нил и Еуфрат).[2]

46°09′15″N 60°52′25″E
Кратки факти Земји, Градови ...
Remove ads

Географија

Реката настанува од два извора во масивот Тјеншан (Тенгирто) во Киргистан и источен Узбекистан — реките Нарин and и Кара Дарја. Тече во должина од 2.212 км во западен и северозападен Узбекистан и јужен Казахстан, па завршува во Аралското Езеро. Сливното подрачје зафаќа површина од 800.000 км2, но удел во снабдувањето на реката имаат највеќе 200.000 км2. Сир Дарја има мошне скромен истек[1] од 37 км2 годишно, што е само половина од оној на Аму Дарја.

По течението рекака ги снабдува со вода најполодните полиња на памук во цела Средна Азија, но и градовите Коканд, Хуџанд, Кизилорда и Туркестан.

Remove ads

Историја

Реката Сир Дарја ја бележела северната граница на Македонската империја. По Битката кај Јаксарт (329 п.н.е.), Александар III Македонски го проширил и преименувал тогашен Кирополис, претворајќи го во градот Крајна Алекандрија (Александрија Есхата).

За времето на Кокандскиот ханат во XVIII век е изградена голема каналска мрежа низ пределите кајшто тече реката. Во советскиот период се направени многу крупни потфати во системот за наводнување, на памучните полиња, што подоцна предизвикало големи еколошки оштетувања. По овие прекопи, реката секнува долго пред да стаса до Аралското Езеро, и затоа истото е сведено на мал остаток од некогашното езеро. Во памукопроизводните краишта денес живеат милиони жители, што претставува значајна потешкотија во обидите да се поврати полноводноста на езерото.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads