Скупи-фест
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Скупи-фест е меѓународен театарски фестивал што се одржува во Македонија. Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, а уметнички директор е Сенко Велинов.
Скупи-фест 2013
Главната награда на седмото издание нафестивалот ја освоил Државниот театар од Тибинген, Германија.[1]
Скупи-фест 2014
Осмото издание на фестивалот се одржал во периодот 31 октомври - 6 ноември 2014 година, под мотото „Маски и даски“. Претставите се одржале во Младинскиот културен центар и во театарот „Центар“ во Скопје. На фестивалот биле прикажани претставите:[1][2]
- „Гробница за Борис Давидович“, во режија на Ивица Булјан,
- „Сите птици се веќе таму“, а во режија на Еберхард Колер, а во копродукција на театрите „Шлахтхаус“ од Берн и „Поколениј“ од Санкт Петербург,
- „Градители на империјата или Шмурц“, во режија на Александар Поповски и во изведба на турскиот театар „Хајал Пердеси“,
- „Вистинскиот Запад“ од Сем Шепард, во режија на Лаура Неџа, а во изведба на „Шетачкиот театар“ од Тирана,
- „Претстава без наслов“, во изведба на Бриџ театар од Романија,
- „Јерма“ од Лорка, во режија на Дијана Добрева, а во изведба на Театарот на бугарската армија,
- „И сега: светот!“, во режија на Соња Штрајфингер, а во изведба на Државниот театар од Тибинген, Германија.
Според организаторот, за учество на фестивалот се пријавиле дури 114 театри. Жирито го сочинувале: режисерот Синиша Евтимов и глумците Муса Јусуфи и Албана Санчоли. Министерството за култура на Македонија го помогнало фестивалот со 2,6 милиони денари.[1] Бугарската претстава „Јерма“ била прогласена за најдобра на фестивалот.[3]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads