Славата на Војводството Крањска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Славата на Војводството Крањска е енциклопедија објавена во Нирнберг во 1689 година од полиматот Јохан Вејхард фон Валвасор. Тоа е најважното дело за неговата татковина, Војводството Карњска, денешен централен дел на Словенија.

Напишана на нов високогермански јазик, антологијата била објавена во четири тома, поделени на 15 книги со 3.552 страници со голем формат и 24 анекси. Раскошно илустрирана со 528 бакарни гравури, делото се однесува на историјата, географијата, топографијата, медицината, биологијата, геологијата, теологијата, обичаите и фолклорот на Крањскиот регион кој сочинува голем дел од денешна Словенија. Валвасор можел да се потпре на постари текстови, но сепак, прецизно истражената и научно издржана колекција била пионерска во тоа време. Од 2009 до 2012 година на словенечки била преведена од Дорис, Примож и Божидар Дебењак. Иницијатор, проект менаџер, уредник и технички уредник на овој издавачки проект бил Томаж Чеч.
Валвасор е првиот што пишувал за човечката рипка. Тој имал намера да напише еден вид патопис а не речник и затоа записите не се подредени по азбучен ред. Авторот, исто така, посипува анегдоти, бајки и песни за да ја диверзифицира композицијата. Загрижен дека аутсајдерите не го познаваат доволно добро неговиот регион, тој ја презел презентацијата на Крањска со зборови и слики, инсталирајќи работилница за бакарни плочи во неговиот замок Богеншперк во близина на Литија и објавувајќи збирки од неговите дела.
Remove ads
Надворешни врски
- RTVSLO, 2012/04/ Družinske zgodbe: Družina Debenjak - conversation with the translators of the work to Slovene. (на словенечки)
- Volumes 1–4 online at the Wolfenbüttel Digital Library (WDB)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads