Славејко Арсов

македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia

Славејко Арсов
Remove ads

Славејко Арсов Кикиритков (17 август 1878 , Ново Село, Штипско - 9 јули 1904 ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Арсов е роден во Штипско Ново село на 17 август 1878 . Се школувал во Штип, Скопје (1895) и Софија (1897/98). Во 1899 стапил во редовите на ТМОРО. Во 1900 година лежел во затвор во Кичево, а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да излезе од затворот. Во првите години тој бил обичен борец во четата на војводата Марко Лерински, а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенската околија. Учествувал активно на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во борбите што се воделе во Ресенско. Кога востанието било задушено, тој отишол на лекување во Бугарија, но набрзо се вратил во Македонија заедно со своја чета. Идејќи за Ресен, на 9 јули 1904 година, близу до с. Горно Ѓуѓанци (Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од турски аскер. Цели 6 часа имале тешка и крвава борба. Тој бил тешко ранет и за да не падне жив во рацете на турскиот аскер се самоубил.[2][3][4]

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads