Славко Брезоски

македонски архитект From Wikipedia, the free encyclopedia

Славко Брезоски
Remove ads

Славко Брезоски (10 јуни 1922, Галичник - 7 март 2017, Скопје) — македонски архитект.

Кратки факти Славко Брезоски, Роден(а) ...

Животопис

Славко Брезоски дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1950 година, под менторство на професорот Милан Злоковиќ. Работел како професор на Архитектонскиот факултет во периодот помеѓу 1969 и 1987, на Катедрата за проектирање општествени згради. Припаѓа на првата генерација македонски архитекти школувани во Белград и Загреб (заедно со Пота, Жупан, Пецовски, Ќосевски, Маленкова, Галиќ и Шеќерински).[1][2]

Remove ads

Групата Денес

Славко Брезовски се приклучил кон Групата „Денес“ во педесеттите години на XX век. Групата Денес обединува повеќе млади уметници (Белогаски, Лазески, Протуѓер, Кондовски, Грабулоски, Лозановски, Бафети) и тројца архитекти (Брезоски, Константинов и Шеќерински). Групата се залага за интeграција на ликовната уметност, архитектурата и скулптурата, и за потврдување на националниот идентитет во сите сфери на творештвото. Првата изложба на Групата „Денес“ била остварена во 1953 година.

Remove ads

Позначајни дела

Thumb
Поглед на соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
  • Станбен блок во Велес (1953 г.)[1]
  • Станбен блок на аголот на бул. „Св. Климент Охридски“ и ул. „Орце Николов“ во Скопје (1954 г.)[1]
  • Станбен блок „Хармоника“ во Скопје (1955 г.)[1]
  • Станбени кули во нас. Црниче во Скопје (1956 г.)[1]
  • Фестивалска сала под Кале во Скопје (1958 г.), со арх. Љ. Маленкова[1]
  • Работнички дом во Скопје (1958 г.)[1]
  • Стоковна куќа во Скопје (1959 г.)[1]
  • Хотел „Попова Шапка“ на Попова Шапка (1964 г.)[1]
  • Соборна православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје (1970 г.)[1]

Амбасадата на СФРЈ во Бразилија

Зградата на амбасадата на СФРЈ во Бразилија е изградена во 1963 година. Во конкуренција од девет реномирани југословенски тимови (архитектите Равникар, Михевц, Остроговиќ, Иблер, Брашован, Рашица и Бркиќ), Брезоски ја освојува првата награда. Нејзините архитектонски квалитети се забележани и од меѓународната јавност. Историчарот на архитектура Крум Томовски вели дека за неа е објавена критика во Architectural Review која ја толкува архитектурата на Брезоски како успешно инкорпорирање на бразилскиот архитектонски дух.

Награди

1993 Андреја Дамјанов Награда за архитектура.

Галерија

Поврзано

Литература

  • Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на XX век. МАНУ, 2006.
  • Реканска Куќа: Архитектонско Наследсво во Македонија, 1993[3]
  • ЗаАрхитектонскитеРаботи, 2007[4]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads