Слагелсе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Слагелсе е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Слагелсе. Денес Слагелсе има околу 32.000 жители во градот и околу 77.000 во поширокото градско подрачје.
Remove ads
Природни услови
Слагелсе се наоѓа во источниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Слагелсе е оддалечен само 100 километри западно.
Релјеф: Градот Слагелсе се наоѓа во источниот дел на данскиот остров Зеланд. Надморската височина на градот се движи помеѓу 25-70 метри. На самиот брег до градот се наоѓа главната градската црква.
Клима: Климата во Слагелсе е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води Слагелсе се образуваат во внатрешноста, без непосреден допир со поголеми води. Во рамките на градот има многу малку мали езерца. На 10 километри западно од градот се наоѓа т.к. Голем дански премин (Гросебелт).
Remove ads
Историја
Подрачјето Слагелсе било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува во 1100 година, а трговските права ги добила во 1288 година.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
Денес Слагелсе има околу 32.000 жители во градските граници и околу 77.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Слагелсе до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Галерија
- Главниот градски плоштад
- Градската куќа на Слагелсе
- Градскиот манастир
- Градскиот музеј
Надворешни врски
![]() |
„Слагелсе“ на Ризницата ? |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads