Смол

гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Смолmap
Remove ads

Смол или Смољ (грчки: Μικρό Δάσος, Микро Дасос; до 1927 г. Σμόλη, Смоли[2]) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 250 жители (2021).

Кратки факти Смол Μικρό Δάσος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во областа Бојмија, 8 км северно од Ругуновец и 6 км јужно од граничниот премин Мачуково, долж магистралата Солун - Скопје (А1).[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Напис во „Њујорк тајмс“ од 1905 г. за Битката кај Смол меѓу четите на Сава Михајлов и Апостол Петков и турската војска и башибозук.

Селската црква „Св. Архангели“ е подигната во XIX век од видниот градител Андон Китанов.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Смол (Smol) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 32 домаќинства и вкупно 145 Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смол имал 160 жители, сите Македонци.[5][7] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Смол имало 168 Македонци под егзархијата[5] и во него работело бугарско училиште.[8] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 35 македонски куќи.[3]

Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМРО.[9] На почетокот на 1905 г. во Смол избил судир помеѓу македонска чета и турската војска, која завршила со тројца мртви од турска страна и еден ранет од македонска. По ова селото било подложено на значајни репресии: црквата била ограбена, а многу жители биле уапсени и претепани.[10] На 1 март истата 1905 г. четите на Апостол Петков и Сава Михајлов биле обиколени од турската војска и башибозукот. Ова петчасовно крвопролевање, познато како Битка кај Смол, завршило со смртта на 40 четници и самоубиството на војводата Сава Михајлов се самоубил. Единствено се спасил војводата Апостол, кој бил ранет во петата, заедно со неговиот четник Илија Личев. Тие се префрлиле крај Ениџевардарското Езеро, а потоа и крај Арџанското.[11]

Во Грција

Селото речиси целосно настрадало во Втората балканска војна, а неговото население пребегнало во Струмица, Гевгелија и Бугарија.[3] Истата 1913 г. Смол бил припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор, а во селото останал само 21 жител[3] Во 1924 г. грчките власти на местото на иселените Македонци довеле Грци од Понд и Кавказ. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско со 93 семејства од вкупно 360 грчки доселеници.[12] Претходната 1927 г. селото е преименувано во Микро Дасос, што во превод значи „мала шума“.[13]

Во следниот период, селото доживеало значаен пораст, така што во 1940 г. достигнало 623 лица. Во 1951 г. населението изнесувало 600, а во 1961 г. — 613 жители. Потоа почнало да опаѓа: во 1971 г. се заведени 426 жители, во 1981 г. бројката се зголемила на 510, за повторно да опадне на 415 жители во 1991 г.[3] Во 2001 г. повторно е забележан пораст со 512 жители, па повторно пад на 400 во 2011 г.

Селската црква „Св. Архангели“ е прогласена за историски споменик на 27 јуни 1987 г.[14]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за сиромашно, иако е сместено во поле. Главни земјоделски производи се пченицата и тутунот, а донекаде застапено е и сточарството, особено краварството.[3]

Родени во Смол

Thumb
Иван Тодев
  • Григор Стојанов — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Иван Смоларски (1877–?), македоно-одрински борец, 1 и 4 чета на 14 воденска дружина[15]
  • Иван Тодев (?–1905) — револуционер
  • Лазар Вантов — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Мицо Арџанлиев — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Стојко Чурлинов и синот Христо — револуционери, дејци на ВМРО[9]
  • Јано Белчев — револуционер, деец на ВМРО[9]
  • Јано Кехајов (?–1901) — револуционер
  • Санда Трајанова род . Арџанлиева (1904 - 1985) Смољ - Гевгелија
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads