Автопат 1 (Грција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Автопат 1 или А1 (грчки: Αυτοκινητόδρομος 1) — магистрала во Грција, втора по големина во земјата. Претставува главна државна сообраќајница во правецот север–југ, поврзувајќи ја престолнината Атина со Тесалија и Егејска Македонија, заклучно со нејзиниот главен град Солун.
Remove ads
Правец
Автопатот минува низ копнена Грција. Почнува од булеварот „Кефис“ во Атина, веднаш северно од заливот Фалер, па продолжува север сè до Мачуково (Евзони) на границата со Македонија, каде продолжува како автопатот А1 („Пријателство“). Целиот пат е дел од поголемиот европски пат Е75, а пред промената на патните ознаки, северниот дел од Мачуково до ЕО2 ја носел ознаката E5N. Задачата за одржување и наплата на патиштата во најново време е доделена на приватни претпријатија, како дел од зделката за изградба на Автопатот 5 („Јонија“), Е65, како и заобиколницата на Темпејската Долина.
Делот западно од градскиот центар на Атина оди врз реката Кефис како булевар наречен по неа. Почнувајќи северно од границата Беотија - Фтиотида, па близу до Велестино, патот го следи брегот на Егејското Море. Потоа продолжува на север од Темпејската Долина до клучката со европскиот пат Е90. Потоа оди по делница од 25 км на А2 / Е90 или „Егнатија“ (во правец запад–исток), па продолжува на Вардарската клучка и кон Мачуково на границата со Македонија. Има вкупна должина од 550 км.
Remove ads
Историја
1950-ти - 1970-ти
Сè до 1973 г. ова бил пат со две ленти кој завршувал кај Катерина. Делницата Атина - Ламија е отворена во август 1962 г. како пат широк 14 м. Делницата Ламија - Лариса е пуштена во октомври 1967 г. со истата ширина. Потегот Лариса - Катерина е пуштен во септември 1959 г. со ширина од 13 м (освен превојот за Темпејската Долина, широк 10 м). Продолжетокот од Катерина до Солун е завршен во септември 1973 г., повторно со ширина од 14 м. Делницата Вардарска клучка - Мачуково (границата) е отворена во јули 1973 г. Делот од Вардарската клучка до Ругуновец е пуштен со ширина од 14 м, а пак потегот Ругуновец - Мачуково (границата) е изграден како автопат.
1980 - денес
Со продолжувањето на патот до Солун и границата со Р Македонија, автопатот добил четири ленти. Доградбата на северниот дел е направена во 1980-тите, а на јужниот на почетокот и во средината на 1990-тите, почнувајќи од патарината кај Ќурка. Во 1995 г патот А1 имал одлики на автопат од Атина до Теба и од Клиди до Солун, додека пак делницата Теба - Клиди останала неодделен пат со ширина од 14 м. Во 1998 г. автопатот добил шест ленти сè до излезот северно од Теба, а четири ленти од Теба до Темпејската Долина, со тоа што неколку делници во западна Мегнезија останале со само 2 ленти. Оттогаш е изградена Лариската заобиколница. Во 2017 г. А1 го задоволува автопатниот стандард по целата негова должина, со две, три или четири (кај Атина) сообраќајни ленти во секоја насока, како и лента за итно запирање.
Последната делница на автопатот е довршена во април 2017 г. Оваа минува низ Темпејската Долина, каде оди низ најголдиот тунел на Балканот, долг 6 км long, како и уште два тунела. Обиколницата околу Атина („Атички пат“) овозможува непопречен тек на сообраќајот кон Пелопонез, поврзувајќи се со пристаништето Патра (преку А8) и Каламата (преку автопатот „Мореја“).
Remove ads
Населени места
Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од север кон југ:[1]
- Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[2]
Remove ads
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads