Смолани
село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Смолани — село во Општина Прилеп, средишно-јужна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Раец, во подножјето на планината Дрен и источно од градот Прилеп.
Историја
Подрачјето на Смолани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Крушкова Нива околу 1 км североисточно од селото.[3]
Во XIX век Смолани било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смолани имало 215 жители, сите Македонци христијани.[4][5]
На почетокот на ΧΧ век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Слулани имало 200 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[4][6]
Remove ads
Население
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смолјани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Кон средината на XX век бројот на жители значајно опаднал, и продолжил да се намалува во текот на следните децении, за да се сведе на само 2 жители во 1971 г. Во текот на таа деценија селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Смолани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Смолани било македонско село, кое сега е иселено.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
- Староседелци: Данчевци со Буцаровци (7 к.) и Станојовци (6 к.)
- Доселеници: Петковци (4 к.) доселени биле на почетокот од 19 век од мариовското село Вепрчани; Стевковци (1 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од раселеното село Глоговица.[13]
Општествени установи
- Црква „Св. Димитриј“ од 1909 г.[14]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Гробишта — некропола од доцноантичко време
- Изгорено Трло — населба од римско време
- Крушкова Нива — населба од неолитско време
- Лозја — населба од римско време
- Селиште — населба од римско време
- Суркова Страга — населба од римско време
- Црква Св. Димитрија — осамен наод од римско време
Личности
- Андон Најденов (? - 1907) — четник на ВМРО, загинал во Битката на Ножот[15]
Иселеништво
Според истражување од почетокот на 1920-тите, потомци на преселници од Смолани имало во следниве населени места:[16]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads