Црква „Св. Димитриј“ - Смолани
црква во Смолани, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Св. Великомаченик Димитриј (Св. Димитриј Солунски) — црква во прилепското село Смолани. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Почнала да се гради во 1905 година, но по осветувањето на камен-темелникот, градежните работи биле запрени од властите. Изградбата продолжила по Младотурската револуција во 1908 г. и храмот е завршен следната 1909 година.
Благодарение на иницијативниот комитет, каде членувале Никола Насевски, Методија Илиевски, Методија Спирковски, Томе Трајковски, Ило Велкоски и Спасе Конески, храмот е осветен на 21 мај 1972 година од архиепископот Доситеј II Охридски и Македонски во сослужение со митрополитот Кирил Американско-канадски и свештеници од Прилепското архијерејско намесништво.[1]
Пред влезот на црквата се чува наод од римска населба на подрачјето на селото — основа од мермер со едноставно профилиран венец во горниот дел.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads