Снежана Конеска Руси

македонска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Снежана Конеска Руси (родена на 8 декември 1952 во Ниш) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, и режисерка. Снежана Конеска во својата кариера има одиграно поголем број театарски претстави и филмски улоги.

Кратки факти Снежана Конеска Руси, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Снежана Конеска Руси е родена во Ниш, НР Србија, ФНР Југославија на 8 декември 1952. Конеска се преселила во Скопје, каде завршила своето основно и средно образование. Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности (1975/ 1976) во класата на професорите Владимир Милчин и Љубиша Георгиевски. Таа била успешен студент и била прогласена за најдобар студент за 1976 година.[1]

Македонската јавност ја запаметила Конеска по своите први улоги и придонеси на Детската радио драма во МРТ, каде била член од 1963 до 1973 година. Од 1972 до 1978 година била водител на Македонското радио. Своите први улоги ги одиграла во 1973 година, а во 1975 година ја добила и наградата за најдобар млад глумец од списанието „Млад борец“. Од 1978 година станала редовен член на Македонскиот народен театар, и работи се до нејзиното пензионирање во 2019 година. Таа била директор на Македонски народен театар во периот од 2000 до 2004 година.[1] Мајка е на едно дете, ќерка.

Remove ads

Награди

Некои од наградите на Снежана Конеска се:[1]

  • 1974: Награда доделена од весникот „Млад борец“, за успешен млад актер за улогата на ликот Девојката во претставата „Димна Јуда, град градила“ и за монодрамата „Ана Франк
  • 1976: Награда за епизода за улогата на Слепата девојка во „Крчма под зеленото дрво“ на ТИ „Војдан Чернодрински“
  • 1991: Најдобро глумечко остварување за ликот Маргарита во „Ричард Трети“ на ТИ „Војдан Чернодрински“
  • 1992: Добитник на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје
  • 2019: Награда за животно дело „11 Октомври“
  • 2024: Трета награда на анонимен отворен конкурс за монодрамски текст „BIVIR“ (Да живееш, да преживееш), во Домот на култура − Битола, излезена во печат книгата „Слободата живее тука“
  • 2025: Награда за животно дело МТФ "Војдан Чернодрински"[2]
Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1973Залез зад езерската земја ТВ-серијаАскина сестра
1975Прва вечер ТВ-филм
1980Учителот ТВ-филм
1983Премиера ТВ-филм
1985Од зад грб ТВ-филм
1987За трошка среќа ТВ-филмМаруле
1989-1992Тврдокорни ТВ-серијаМајката
1990-1991Еурека ТВ-серија
1991-1992Македонски народни приказни
1993Дајте музика ТВ-серијаСнешка
1997Џипси меџик ТВ-филм
2000Погрешно време ТВ-серијаЛимба
2000Големи и мали ТВ-серијаДиректорката
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2001Во светот на бајките ТВ-серија
2002Звукот на светлината ТВ-филмНевена
2002Наше маало ТВ-серијаКомшивка
2003Нежната прашина на заборавот ТВ-серија
2007-2010Народни приказни ТВ-серија
2008Куќен совет ТВ-серија
2011Трето па машко ТВ-серијаРајнето
2015Македонски народни приказни ТВ-серија
2016Вистинска љубов ТВ-филмРајна
2016-2017Македонски приказни ТВ-серија
2019-2021Дајте музика ТВ-серијаСнешка
2022-2023Бистра вода ТВ-серија

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads