Собри

село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia

Собриmap
Remove ads

Собри — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Валандово, во Валандовското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 170 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.[2]

До селото може да се дојде преку два локални патишта, едниот кој се двои од регионалниот пат 1105, пред селото Дедели, додека другиот се двои од локалниот пат пред селото Чалакли.

Селото е сместено во јужното подножје на планината Беласица. Традиционално се дели на Горно и Долно Собри.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Собри е населено барем од железното време, за што сведочат остатоци на некрополи на наоѓалиштата Бела Чешма и Гробишта.[3]

Стопанство

Thumb
Селската продавница

Атарот зафаќа површина од 7,6 км2. На него шумите заземаат површина од 414 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 217 хектари, а на пасиштата 113 хектари.[2]

Во селото во минатото работеле две продавници.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Горно Собри имало 30 домаќинства со 65 жители муслимани, додека селото Долно Собри имало 15 домаќинства со 54 жители христијани.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Собри живееле 255 жители, од кои 135 Турци, 90 Македонци и 50 Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Селото е мало, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 244, а во 1994 година 250 жители.[2]

Според пописот од 2002 години селото Собри има 225 жители од кои 217 Македонци и 8 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 180 жители, од кои 172 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во XIX век, Собри било село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дедели, во која покрај селото Собри се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0300 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 158 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 159 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта[3]
Цркви[16]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads