Соколово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соколово или Чоколово (грчки: Παραπόταμος, Парапотамос; до 1927 г. Σοκόλοβο, Соколово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 91 жител (2011).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во Серското Поле, западно од Валовишта и југоисточно од Анатолу, на надморска височина од 80 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Соколово бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Соколово имало 250 жители Турци.[4]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 180 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 268 лица.[3]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 56 бегалски семејства (вкупно 226 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Парапотамос (Παραπόταμος).[2]
Remove ads
Стопанство
Селото се смета за мошне богато, бидејќи располага со плодно земјиште кое се наводнува од Бутковската Река која минува кај селото. Населението произведува тутун, памук, жито и други земјоделски производи.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1919 година, селото станало самостојна општина. Општината Соколово била приклучена во општината Анатолу во 1925 година.[3]
Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и истоименото село и Тодорово.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads