Сопот (Кумановско)
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сопот — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сопот живееле 150 жители, сите Албанци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци и 100 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 318 жители, од кои: 2 Македонци, 306 Албанци, 6 Срби, 1 Бошњак и 3 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 325 Албанци, 3 Срби, 1 Бошњак, 2 останати и 23 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Родови
Сопот е мешано православно-муслиманско село.
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Албански: Масуричанци (9 к.) и Лепеничани (3 к.) доселени се во 1878 година од околината на Врање во Србија. Од селата Масурица и Лепеница; Чајци (4 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово; Станевци (10 к.), Курбалијци (10 к.), Депчани (9 к.), Бујиќани (4 к.) и Мучибаба (3 к.) доселени се после Втората светска војна од разни села во околината на Гнилане во Косово; Оравчанци (6 к.), Летевичани (2 к.) и Алиѓерчани (1 к.) доселени се после Втората светска војна од разни села во околината на Прешево во Србија.
- Македонски: Метежевци (7 к.), Огутчанци (7 к.) и Подржикоњци (3 к.) доселени се од селата Метежево, Огут и Подржи Коњ кај Крива Паланка после 1913 година.
- Српски: Црноречани (5 к.), Коќурани (2 к.), Црновчани (1 к.), Радовничани (1 к.), Марганчани (1 к.), Трничани (1 к.), Љаинчанци (1 к.) и Велко (1 к.) доселени се од селата Црна Река, Коќура, Црновце, Радовница, Марганце, Трница во Горна Пчиња во Србија.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads