Сојуз на синдикатите на Македонија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е синдикален сојуз во Република Македонија. Тој е наследник на синдикалниот сојуз од времето на комунизмот. Во него членуваат 18 грански синдикати. Од март 2015 година ССМ е полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати,[1] а од февруари 2011 година - придружна членка на Светската конфедерација на слободните синдикати.[2] Од 14 август 2017 година претседател на ССМ е Дарко Димовски.

При утврдувањето на претставителноста на ССМ, во 2015 година констатирано е дека ССМ има 66.386 членови кои плаќале членарина,[3] додека во 2010 година констатирано е дека броел 75.997 членови кои плаќале членарина, што претставувало 17,47% од вкупниот број на вработени во Република Македонија.[4] Претходно, во 2009 бројот на членови изнесувал околу 115.000.[5] Во 1993 година ССМ броел 364.000 членови и опфаќал 70% од вработените.[6]

Remove ads

Историја

ССМ е основан на Првиот земски синдикален конгрес на работниците и намештениците на Македонија, кој се одржал во Скопје на 18-21 август 1946 година. Во времето на комунизмот ССМ е единствениот синдикат што постои и делува во тесна врска со Сојузот на комунистите на Македонија.

По падот на комунизмот, ССМ се прилагодува на новите услови на делување и на својот 14-ти конгрес во 1993 година донесува нов Статут и Програма за работа.

Во 2005 година во редовите на ССМ се разгорува судир помеѓу претседателот на ССМ, Ванчо Муратовски и претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски. Како резултат на овој судир во јули истата година СОНК се отцепи од ССМ[7] и на 28 декември 2005 година дојде до формирање на нов синдикален сојуз, на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Во декември 2011 година Синдикатот на одбраната и безбедноста (со околу 2.500 членови) ја напушти КСС и стана член на ССМ.[8]

Во септември 2015 година Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) е исклучен од ССМ.[9]

Во ноември 2016 година на седница на Советот на ССМ е донесена одлука за разрешување на Живко Митревски од позицијата Претседател на ССМ,[10] по што тој, во декември 2016 година, издејствува одлука на органите на ССМ за исклучува на четири грански синдикати од составот на ССМ:[11] СУТКОЗ, УПОЗ, СИЕР и Агро Синдикатот.

Во август 2017 година Дарко Димовски официјално ја презел функцијата претседател на ССМ.[12]

Remove ads

Членки на ССМ

  • Синдикат на работниците од сообраќајот и врските (СРСВМ)
  • Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР)
  • Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ)
  • Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО)
  • Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ)
  • Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита (ССЗФСЗ)
  • Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП)
  • Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ)
  • Синдикат на хемија и неметали (СХНМ)
  • Македонски полициски синдикат (МПС)
  • Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници (СПТРМ)
  • Синдикат на работниците од шумарството и дрвната индустрија (СРШДИ)
  • Синдикат на работниците од графичката, информативната, филмската и издавачката дејност и производство на хартија (ГИФИХ)
  • Синдикат на работниците од трговијата (СРТ)
  • Синдикат на работниците од финансиските дејности (СФДМ)
  • Самостоен синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ)
  • Синдикатот на одбраната и безбедноста
Remove ads

Досегашни претседатели на ССМ

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads