Спанчово

село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Спанчовоmap
Remove ads

Спанчово или Спанчево (грчки: Λατομείο, Латомио; до 1927 г. Σπάντσοβο, Спанцово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 7 жители (2021).

Кратки факти Спанчово Λατομείο, Земја ...
Thumb
Француски војници во Спанчово за време на I светска војна, 1918 г.
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на околу 4 км североисточно од градот Ругуновец, во традиционалната област Солунско Поле. Aтарот зафаќа површина од 25 км2.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Спанчово била мала македонска чифлигарска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово (Spantchiovo) е село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 12 домаќинства, со вкупно 54 жители Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спанчево имало 78 жители, сите Македонци.[5][6]

На почетокот на XX век целото население на Спанчово било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоцитена егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спанчово (Spantchovo) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.[6][7]

Потпаѓање под Грција

Во Првата балканска војна е заземено од грчките единици, а летото 1913 г. за време на Втората балканска војна Спанчово е запалено од грчката војска, а македонското население се спасило пребегнувајќи преку граница. Атарот на селото го откупиле велепоседничките семејства Аркудеос и Каратодорос.

Remove ads

Население

Истата 1913 г. во селото е попишано 21 лице, од кои повеќето биле од сточарските семејства доведени како наемници на велепоседите. Ви 1920 г. местото имало 69, а во 1928 г. — 63 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Латомио. Во 1940 г. е заведено дека селото има само 1 жител, поради тоа што велепоседничките семејства се преселиле во Солун. Сепак, во 1951 г. во Спанчово се попишани 172 жители, што значи дека земјопоседниците повторно довеле жители од околните села ги работат имотите.[3] Во претстојниот период бројот на жители почнал да опаѓа, па така во 1961 г. имало 57 лица, во 1971 г. се намалил на 25, а во 1981 г. — 9 жители. Во 1991 г. селото се свело на населба без жители.[3] Во текот на следното десетлетие Спанчово повторно станува населено, со 12 лица во 2001, но само 1 лице во 2011 г.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads