Спасен Силјаноски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Спасен Силјаноски
Remove ads

Спасен Митрев Силјаноски-Паце ( 1925 во Пополжани1 октомври 1943 во Буковиќ (планина)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

По завршувањето на основното училиште продолжил да учи гимназија. Окупацијата го затекнала во трети клас гимназија. Млад и полн со енергија и определен за борба против окупаторот, во 1942 година пристапил на народно ослободителното движење. Како еден од поактивните младинци, со гордост ја примил одлуката на скоевската организација за одење во партизани и во летото 1943 година бил во редовите на Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции. Во септември 1943 година, доброволно заминал, заедно со комесарот Мирко Милески, на планинскиот превој Буковиќ за да ја бранат слободната територија и слободно Кичево. На 1 октомври 1943 година, германскиот окупатор, заедно со балистите, ја нападнале слободната територија. Цел ден младинската чета водела нерамна борба и цел ден се пишувала историјата на Македонија, во која борба загинал ѝ младиот Спасен заедно со сите борци од четата на младиот комесар Мирко Милески.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads