Средец (планина)
планина во Костурско и Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средец, други имиња: Деве Каран турски: Deve Karan и Камила (грчки: Καμήλα) — ниска планина во Кукушко и Солунско, Егејска Македонија[1]. Има издолжен облик во правец северозапад-југоисток и долга од околу 12 км. Планината е пресечена со клисура, низ која тече реката Курудере. Највисока точка е истоимениот врв Средец со 569 м, сместен во јужниот дел на планината.
Remove ads
Населени места
Околу неа се сместени следниве населени места, наведени во состав на денешните општини на кои им припаѓаат:
- Општина Кукуш: Воловод (Неја Санда), Караџа Кадар (Камбанис), Амбарќој (Мандрес), Чоколово (Перистери), Долно Воловод (Панделејмонас)
- Општина Даутбал: Дремиглава (Дримос)
- Лагадина: Гвоздово (Асирос), Ново Село (Критиja)
Историја
Во османлиско време, на турски планината се нарекувала Деве Каран, што значи „црна камила“.
За време на Втората балканска војна, Средец служел како набљудувачница на грчката војска во Битката кај Кукуш (19-21 јуни 1913).
Во 1953 г. е изграден параклис во чест на светиот цар Константин и царицата Елена. На врвот е поставен крст висок 14 м.
Стопанска активност
Во најјужниот дел на планината има каменолом, каде почнувајќи од 1981 г. се вади варовник за потребите на цементарницата „ТИТАН“.[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads