Чоколово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чоколовоmap
Remove ads

Чоколово или Чокали ([Περιστέρι, Перистери, до 1927 Τσοκαλή, Цокали] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Чоколово Περιστέρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 25 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 25 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 249 метри.

Чоколово опфаќа површина од 18 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чоколово се состоело од 30 семејства и 95 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Чоколово имало 250 жители-муслимани[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Перистери.[6] По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население од селото било принудено да го напушти селото, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 166 жители-бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 274 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 238 жители, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 239 жители, додека во 1991 година имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 185 жители.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Бидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со пченица. Населението се занимава и со сточарство и одгедување на тутун.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads