Сретеново

село во Општина Дојран From Wikipedia, the free encyclopedia

Сретеновоmap
Remove ads

Сретеново — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Воздушен поглед Сретеново и Стар Дојран, кои денес се буквално споени едно со друго

Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција и се спушта до брегот на Дојранското Езеро.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри.[2] Селото се наоѓа на југозападниот дел на Дојранското Езеро, кое е речиси споено со административниот центар на општината, Стар Дојран. На 1,5 километар се наоѓа македонско-грчката граница.

Низ селото поминува регионалниот пат 1105, кој завршува на самиот граничен премин.

Најјужниот дел на атарот на селото е оддалечено 57,15 километри од Солунскиот Залив и со тоа е најблиска точка на Македонија до некое море.[3]

Remove ads

Историја

Подрачјето на Сретеново е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Мешино Брдо.[4]

Селото е основано од 29 српски семејства, кои биле колонизирани по завршувањето на Првата светска војна.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 15,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 719 хектари, на шумите отпаѓаат 509 хектари, додека на обработливите површини 209 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работи фабрички погон, земјоделска задруга и услужни објекти.[2]

Во поново време, во селото е особено развиен туризмот.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 151 жител, од кои 72 биле Срби, 35 Хрвати, 28 Македонци, 8 Црногорци и пет жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 268 жители, од кои 142 биле Македонци, 62 Срби, 25 Роми, 11 Турци и четири жители Албанци.[2]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 315 жители, од кои 205 Македонци, 11 Турци, 36 Роми, 1 Влав, 29 Срби и 2 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 344 жители, од кои 246 Македонци, 10 Албанци, 8 Турци, 19 Роми, 43 Срби, 13 останати и 5 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads

Општествени установи

  • Амбуланта
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Сретеново се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0385 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Стар Дојран.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 598 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Поглед на главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[4][15]
  • Мешино Брдо — населба од доцноантичко време (всушност во Сретеново); и
  • Мрдаја — наколна населба од доцнобронзено и рано железно време.[16]
Цркви

Личности

Родени во или по потекло од Сретеново

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads