Старогрчки исконски богови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Старогрчки исконски богови
Remove ads

Исконските богови во старогрчката митологија ја претставуваат првата генерација божества кои настанале на почетокот на космосот (редот), тие го уредиле, а по нив власта ја презеле Титаните (децата на Геја и Уран) и на крајот Олимписките богови.

Thumb
Кастрацијата на Уран

Нивното име ([Πρωτογενοι] Error: {{Langx}}: unrecognized language code: gr (help)) - протогени, значи „првородени“, „древни“ или „исконски“. Тие се првите создадени суштества, бесмртни се, а од нив потекнуваат и сите останати божества.

Remove ads

Создавање

Претежно се смета дека првите божества се создале од Хаос, макар што некои извори споменуваат две божества кои биле родители на сите останати. Овие божества претставуваат различни елементи на природата. Хаос понекогаш го сметаат за сопружник на Крон наместо на Ананка. Исконските богови може да добиваат деца со партеногенеза, како и со полни односи.

Божества според Хесиод

Според Хесиодовоата Теогонија (околу 700 г. п.н.е.):

  • Хаос (празнина, почеток, воздух на смртниците) – бесполно суштество (некогаш женски пол);
    • Ереб (темнина) – машки пол и Никта (ноќ) – женски пол;
      • Етер (светлост, воздух на боговите) – машки пол и Хемера (ден) – женски пол;
    • Геја (Мајката Земја) – женски пол;
      • Уран (небото) – машки пол;
      • Ореи (планините) – машки пол;
      • Понт (водата, морето) – машки пол;
    • Тартар (голема пеколна дупка која се сметала и за божество и за подземен свет) – машки пол;
    • Ерос (љубов, копнеж) – машки пол.[1]

Најчесто, родословот на старогрчките богови се прави според Хесиод.

Remove ads

Божества според други извори

  • Ананка (потреба) – женски пол;
  • Крон (вриеме) – машки пол;
  • Фан (појава) или Химер или Ерос (создавање) или Протоген (првороден) – машки пол (некогаш е опишан како хермафродит, но претежно е машки пол);
  • Фусида (природа) или Тесида (создавање) – женски пол;
  • Нисе (острови) – женски пол;
  • Таласа (море) – женски пол;
  • Офион (змија; често се поистоветува со Уран, Океан, Фан или Крон) – машки пол;
  • Евринома – женски пол.

Поинакви родословија

Во Стара Грција имало многу различни идеи за тоа кои се исконските богови. Различни поети имале и различна претстава за тоа кои се првородените:

Илијада

Според „Илијадата“, епот за Тројанската војна, кој му се припишува на Хомер, Океан (веројатно и неговата жена Тетија) е татко на сите божества.[2]

Алкман

Алкман (околу 600. година п.н.е.) ја смета Тетида за прва божива, која го направила poros „патот“, tekmor „патоказот“ и skotos „темнина“ во неминливата, безизразна празнина.

Орфисти

Орфејовата поезија (околу 530 г. п.н.е.) ја поставила Никта (Ноќта) како прво божество. Исто така, според орфејската традиција Фан (мистично орфичко божество на свестлоста и создавањето, понекогаш поистоветуван со постариот Ерос) е првобитниот владетел на космосот, кој излегол од космичкото јајце.[3]

Аристофан

Аристофан (околу 456–386 г. п.н.е.), во својата комедија „Птици“ напишал дека Никта е првото божество кое го произвела Ерос од јајце.

Филозофи

И филозофите во антиката граделе свои космогонии и претпочитале свои божества како првородени:

  • Ферекид од Сирос (околу 600–550 г. п.н.е.) го претставил Крон како прво божество во својот „Хептамих“.
  • Емпедокле (околу 490–430 г. п.н.е.) напишал дека Афродита и Арес биле првите божества. Тие го изградиле космосот од четирите елементи со својата моќ за љубов и раздор.
  • Платон, пак, околу 360 г. п.н.е. во своите дела го воведува поимот демијург, божество кое го создава светот со идеја и материја.
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads