Понт (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Понт (митологија)
Remove ads

Понт (грчки: Ποντους) во старогрчката митологија бил бог на морето, како припадник на првата генерација на богови. Тој е син на Геја и Уран. Понт е роден од страна на Геја пред да биде роден Океан [1] . Подоцна, Геја станала негова сопруга, и од тој брак се родиле голем број на деца, меѓу кои:

Thumb
281.989x281.989пкс
  • Нереј
  • Таумант
  • Форкис
  • Еврибија
  • Кето
Кратки факти Понт, Живеалиште ...
Remove ads

Потекло на поимот

Според грчкиот поет Хесиод, тој се родил без зачнување,[2] додека во делото Басни (латински: Fabulae) на Хигин, Понт е син на Етер и на Геја.[3]

За Хесиод, Понт е нешто повеќе од персонификација на морето, (на грчки: pontos, "Пат" именка која Хелените ја означувале за да го означат Црното Море.[4] Со Геја тој ги создал Нереј (старецот), Таумант (опасностите кои демнат на морето), Форкис и неговата сестра Кето како и моќната божица Еврибија. Со Таласа, морската исконска божица, (чие име просто значи "море" но е произлезено од предгрчки корен), ги создал Телхините и сиот морски свет (живот).[5][6][7]

На римската скулптура од 2 век п.н.е, Понт е прикажан како излегува од алги и со едната рака се наслонува на брод. Тој носи круна и е во друштво со божицата Фортуна.

Remove ads

Митологија

Хесиод

"Таа [Геја] го изроди Понт, без слаткиот љубовен сојуз." - Хесиод, Теогонија (130)[8]

"И Морето го роди Нереј, најстариот од неговите деца, кој е вистински и не лаже: и луѓето го нарекоа Старецот бидејќи е доверлив и нежен и не ги заборава законите на правдата, туку размислува само на љубезни мисли. Но сепак тој го доби и големиот Таумант и гордиот Форкис, соединувајќи се со Земјата и Кето и Еврибија која во себе носи кревко срце. Хесиод, Теогонија (231–239)[8]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads