Степска еја

From Wikipedia, the free encyclopedia

Степска еја
Remove ads

Степската еја или степски жабар (науч. Circus macrourus) е птица од родот еи (Circus) во семејството јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет. Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во Средна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.

Кратки факти Степска еја, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис

Thumb
Мажјак
Thumb
Женка
Податотека:Circus macrourus MHNT.ZOO.2010 ноември 97 ноември jpg
Circus macrourus

Кај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.

Птицата живее во отворени, степски предели.

Исхрана

Степската еја лови и се храни со мали цицачи, влекачи и птици, изненадувајќи ги со брзиот и низок лет.

Размножување

Овој јастреб е моногамна птица која одгледува едно легло годишно. Гнездат директно на земја на тревна површина. Несат 3-5 светлосини јајца. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 28-30 дена. Ги лежи само женката, но за време на инкубацијата и првите денови по испилувањето, мажјакот носи храна и за женката и за пилињата. Младенчињата го напуштаат гнездото по 35-40 дена.

Remove ads

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads