Стефан Мандалов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стефан Мандалов-Манданата — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.

Стефан Мандалов е роден на 11 декември 1875 година во селото Стојаково, Гевгелиско. Бил син на Тано и Векија. Влегува во редовите на ВМОРО во 1900 година во четата на Христо Чернопеев. Учествува во Аферата мис Стон. Подоцна станува самостоен војвода. Загинува во септември 1903 година во периодот на Илинденското востание во близина на селото Мишино, Кочанско.[1]

Последните негови зборови биле:

Кажете ѝ на Македонија, дека јас си го исполнив долгот; да живее слободна Македонија[2].


Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads