Стиник

село во Општина Ново Село From Wikipedia, the free encyclopedia

Стиникmap
Remove ads

Стиник — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Стиник се наоѓа на планината Огражден, на надморска височина од 800 метри.

Историја

Селото го добило името од зборот „стена“ (ѕид, камена ограда) или „стина“ (разурната ѕидина, распаднат куп камења). Стиник е прилично старо село. Првин се наоѓало 2 км северно од денешното село Самоилово. Таа област и денес се вика Старо Стиник. Но поради недостаток на вода, населението било принудено да се пресели на денешното место. Во статистиката на Стефан Верковиќ се вели дека селото имало 525 жители. Црквата „Свети Спас“ е изградена во 1860 година, а со славењето на овој светец, празнува и целото село.

Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]

Поради оддалечноста од општинскиот центар, населението постепено се иселува од селото. Во 1953 година овде живееле 450 жители, а според пописот од 2002 година, во Стиник живеат само 16 семејства, односно 58 жители, сите Македонци со православна вероисповед.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 58 жители, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 15 Македонци и 6 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Телефонска говорница во Стиник

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1780 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 61 гласач.[10]

Културни и природни знаменитости

Селото импонира со својата стара селска архитектура, карактеристична за македонските села од пред 100 години. Куќите се направени со чардаци, каде што може да се забележат столови-троножци, синии, бутими, разбои. Луѓето изработуваат природни сокови, ракија, сирење, одгледуваат пчели, овци, кози и свињи. Сето тоа го доловува животот на македонското село од пред стотина години.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads