Стојан Кипријановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стојан Ѓурков Кипријановски ( 1924 во Шопско Рударе12 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]

Животопис

Одраснал во сиромашно земјоделско семејство. По завршување на основното четиригодишно училиште во родното село, го чувал добитокот на своите родители, а подоцна се занимавал ѝ со земјоделие. Во селото Шопско Рударе делувале единиците на НОВ, а тој активно ги помагал, подоцна го напуштил семејството ѝ пристапил во редовите на народноослободителната војска на Македонија, на 28 јули 1944 година, во составот на Треттатa македонска ударна бригада. Земал учество во борбите за ослободување на Куманово, Скопје, борбите кај реката Треска, каде покажал посебна храброст и одлучност. По ослободувањето на Македонија, во декември 1944 година, со својата бригада заминал на Сремскиот фронт. Учествувал во повеќето борби за пробивање на Сремскиот фронт, во борбите кај Шид и други места. Последната борба му била на Врпоље, каде со група борци се борел против непријателот сè додека имал муниција. Кога снемал муниција бил принуден да ја напушти положбата, па така на 12 април 1945 година, при повлекувањето, тој бил убиен.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads