Стрезовце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стрезовце или Стрезовци — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стрезовце имало 117 жители, од кои 115 Македонци и 2 Срби.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 42 Македонци и 12 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Стрезовце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Стари родови со непознато потекло: Велковци (10 к.), Стефановци (8 к.), Шуклинци (5 к.), Терзинци (3 к.) и Зајци (2 к.)
- Доселеници со познато потекло: Шарковчанци (10 к.) доселени се од некое село на Шар Планина; Попинци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Ниш, го знаат следното родословие: Славко (жив на 50 г. во 1971 година) Цветан-Кипријан-Стојан, кој се доселил во селото; Дедо-Илијини (5 к.) доселени се од селото Коњух; Живуша (10 к.) и Дејловчани (5 к.) доселени се од селото Дејловце; Зајачка Дупка (3 к.) и Чифличани (5 к.) доселени се од селото Огут.[9]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Верски објекти
- Црква „Св. Никола“ од 1606 г. прпгласена за културно наследство на Македонија[10]
- Црква „Св. Прохор Пчински“ на растојание од селото
- Параклис „Св. Петка“ по главниот пат
- Археолошки наоѓалишта
Личности
- Горазд Европски (1936 - 2020) — митрополит на МПЦ - ОА
- Марјан Димитријевски (р. 1954) — историчар
Иселеништво
Како и од другите села, така и од ова село голем дел од населението се има иселено. Младенови се иселиле во селото Макреш. Менкини целосно се иселиле во Куманово.[9]
Посилен бран на иселување започнал после 1960 година и водел воглавно кон најблиските градови.
Галерија
- Поглед на црквата „Св. Прохор Пчински“ во Стрезовце
- Поглед на селото
- Поглед на селото
- Поглед на селото
- Поглед на селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads