Дејловце
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дејловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дејловце имало 44 жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 21 Македонец и 6 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Дејловце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Златановци (8 к.), Реканци (8 к.), Везуличанци (8 к.), Стојановци (7 к.), Брлошковци (6 к.), Лукарчанци (4 к.), Долно-маалци (4 к.), Ливаѓани (4 к.) и Гробиштанци (2 к.) постои предание дека сите родови потекнуваат од ист предок, само никој не знаел да каже дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.[9]
Remove ads
Личности
Личности родени во Дејловце:
- Талија Анчева — учесник во НОВ на Македонија
- Доста Ангеловска Зафирова — учесник во НОВ на Македонија
- Лена Ангеловска Донева — учесник во НОВ на Македонија
- Цвета Трајкова Давитковска — учесник во НОВ на Македонија
- Стојна Трајанова Димитриевска — учесник во НОВ на Македонија
- Ѓена Ангелова Додевска — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Иселеништво
Од Дејловце има голем број на иселеници. Некои се иселувале помеѓу двете светски војни, а некои потоа. Иселеници има во Скопје (околу 10 семејства), Куманово (7-8 семејства), Качарево, Јабука и Глогоњ (севкупно околу 10 семејства).
Иселеници исто така има и во Тромеѓа (Тасиќи, Величковиќи, Младеноски и Димитријески), Доброшане (Митрески, Небитници, Петрушевски, Милковци, Додевски и Радевски), Стрезовце (Живушка и Дејловчани), Канарево (Дејловчанци).[9]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads