Суводол (Порече)
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Суводол — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
За други истоимени места, погледајте Суводол.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во јужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од десната страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 8,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 770 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари.[2]
Историја
Во XIX век, Суводол било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото нема изразена стопанска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Суводол имало 112 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Суводол имало 136 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Соходол се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 10 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7]
Суводол е мало, населено со македонско население. Во 1961 година броело 123 жители, а во 1994 година 188 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Суводол имало 207 жители, сите Македонци.[8] Во Суводол се бележи благо зголемување на бројот на жителите, благодарение на близината со градот Македонски Брод.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 197 жители, од кои 191 Македонец, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Суводол е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Суводол се:
- Доселеници: Колимагаровци (6 к.) најголем род во селото. Потекнуваат од двајца браќа кои дошле како робови од Русија, тука тие пораснале служејќи му на шеикот. Пред смртта шеикот ги викнал и им рекол дека бил задоволен со нив, па пред смртта сакал да ги осигура. И ги прашал каде би сакале да се населат, а тие му одговориле дека со задоволство би се населиле на Барбарешка Река, и така тие го основаат Суводол; Карлуковци (1 к.), Србиновци (2 к.) и Близнаковци (1 к.), доселени се од блиското сега раселено село Барбарос.[14]
Remove ads
Општествени установи


- Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до V одделение[15], подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суводол и Требино.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Суводол се наоѓале селата Брод, Грешница, Девич, Дреново, Латово, Сланско и Требино.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0231 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 160 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 156 гласачи.[18]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[19]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква, изградена во 1967 година
Личности
- Душан Здравески (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[20]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads