Суровичка Река

река во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Суровичка Река (грчки: Ρέμα Αμύντα) — река во Леринско, Егејска Македонија. Наречена е по градот Суровичево низ кој поминува.[1]

Кратки факти Суровичка Река Ρέμα Αμύντα, Местоположба ...
Remove ads

Местоположба

Реката се наоѓа во југоисточниот дел на Леринскиот округ и претставува одливен водотек од Рудничкото Езеро и завршува во Петерското Езеро на североисток. Во голема мера уште поодамна го изгубила природното корито со изградбата на големата каналска мрежа за наводнување во регионот. Има вкупна должина од 15,5 км со правец југозапад-североисток. Околу реката е рамницата Сариѓол со големи обработливи површини. Суровичка Река почнува од северниот брег на Рудничкото Езеро. Кај селото Сотир конечно влегува во природното корито. Минува западно од Суровичево и се влева во Петерското Езеро.[1]

Remove ads

Флора и фауна

По течението на реката се застапени извонредно голем број на растителни и животински видови, и покрај тоа што нивните живеалишта веќе долго време страдаат од загадувањето пестициди, индустриски отпад и домашни фекалии.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads