Сушица (Порече)

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Сушица (Порече)map
Remove ads

Сушица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на двете маала на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,4 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 106 хектари, на пасиштата отпаѓаат 229 хектари, а на шумите 224 хектари.[2]

До селото води макадамски пат, кој се двои од локалниот пат кој води до селото Томино Село.

Remove ads

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[3]

Во XIX век, Сушица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сушица имало 260 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 320 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Remove ads

Селото е мало, населено со македонско население, коешто во 1961 година имало 167 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сушица имало 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 Србин.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Сушица е македонско село.

Remove ads

Родови во селото се: Ковачевци (6 к.), Атулевци (13 к.) и Ѓорговци (6 к.), сите потекнуваат од ист предок и доселени се од раселениот град Закамен.[13]

Самоуправа и политика

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Remove ads

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0261 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]

Remove ads

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

Цркви[17]

Личности

Личности родени во Сушица:

  • Анѓеле Блажески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Анѓеле Јаковлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Гане Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Милован Маркоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Милан Кочоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Нове Петкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Стојко Симоноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Серафиле Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Стојо Трајкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Cпиpкo Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Стале Наумоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Трајко Маркоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Трпе Трајкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
  • Ванчо Аврамоски (1893 - 1944) — загинат во НОБ.[19]
  • Иван Јаковлески (1925 - 1944) — загинат во НОБ.[19]
Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads