Нова година

почеток на календарската година From Wikipedia, the free encyclopedia

Нова година
Remove ads

Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.[1] Новата година според грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Thumb
Новогодишна елка

Традиционален белег на Новата година е новогодишната елка која се поставува во главната соба и околу која се празнува овој ден.

Remove ads

Грегоријански календар

Во земјите кои го користат грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Remove ads

Други прослави на Нова година

Thumb
Огномет во Тајпеј, Тајван во 2008

Следува список на прославувањето на Нова година на други датуми.

  • Источната Православна Црква сè уште го користи јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената Стара нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник. Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија.
  • Кинеската Нова година, позната е и како месечева (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.
  • Виетнамската Нова година (Tết Nguyên Đán) најчесто е во ист ден со кинеската Нова година.
  • тибетската Нова година (Losar) паѓа од јануари до март.
  • Nava (нова) Varsha (година) се слави во различни делови од Индија во март и април.
Remove ads

Нова година како тема во уметноста и во популарната култура

Thumb
Новогодишна елка

Новата година како мотив во книжевноста

  • „Последната Нова година“ — новела на италијанскиот писател Николо Аманити од 1996 година.[2]
  • „Новогодишни подароци“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
  • „Новата година е за сите“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[4]
  • „За Нова година“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.[5]
  • „Среќна нова ’41“ (српски: Sretna nova ’41) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[6]
  • „Среќна нова 2014“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[7]
  • „Среќна Нова година!“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.[8]
  • „Нова година 1992“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[9]
  • „Силвестерски ноктурно 1917 година“ (хрватски: Silvestarski nokturno godine hiljadu devetstotina i sedamnaeste) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[10]
  • „Нова година“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[11]
  • „Новогодишна згода“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[12]
  • „Ден за желби“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[13]
  • „Или јас“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.[14]
  • „Новогодишна авантура“ - расказ на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.[15]
  • „Новата 1991 година“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.[16]

Новата година како мотив во популарната музика

  • „Новогодишна ноќ“ (англиски: New Years Eve) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..[17]
  • „Нова година“ (англиски: New Year) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.[18]
  • „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1983 година.[19]
  • „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на англиската рок-група Mega City Four од 1989 година.[20]
  • „Нови години“ (српски: Nove godine) — песна на југословенската поп-рок група У шкрипцу од 1983 година.[21]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads