Темелко Стојановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Темелко Стојановски ( 1920 во Јаболци — 27 април 1945 во Дуго Село) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. На 10 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна се префрлил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во успешните борби на Скопска Црна Гора и Косово, каде биле разоружани и ликвидирани заостанатите балистички банди. Потоа во близина на Белград ја завршил обуката во ракувањето со новоприменото оружје. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал на 27 април, 1945 година во битката за ослободување на Дуго Село.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads