Теовски јавор

споменик на природата на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Теовски јавор
Remove ads

Теовски јаворјавор којшто се наоѓа на сретселото во азотското село Теово, пред влезот на главната селска црква „Св. Атанасиј“.

Кратки факти Теовски јавор, Место ...

Со закон е заштитен како споменик на природата од 5 јули 1983 година.

Remove ads

Местоположба

Јаворот се наоѓа на сретсело во азотското село Теово.

Јаворот за теовци претставува средиште на сите случувања. Под него, на местото на некогашниот бунар, се наоѓа фонтана. Местото под јаворот целото е поплочено и оградено. Навечер него го осветлуваат неколку електрични светилки. Тука за време на селските слави и собири се играло орото и се пеела македонската песна.[1]

Историја

Се претпоставува дека јаворот е стар околу пет или шест века. Се верува дека е посаден во XV век, односно во 1478 година.[2]

Никој точно не знае кој го насадил јаворот. Но, според кажувањата на мештаните, најверојатно го засадил некој од турските бегови, кој го донел од Грција. Турците знаеле дека јаворите се вековни растенија и го засадиле како симбол на вековната империја. Според други кажувања, фиданката е засадена од првиот доселеник во селото.[2]

Remove ads

Природни особености и околина

Од млада фиданка, од година на година, дрвото израснало во вистински џин. Мерењата покажуваат дека дебелината на јаворот изнесува десетина метри, а висок е околу 30 до 40 метри.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads