Тетовско кале

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетовско калеmap
Remove ads

Тетовско кале или Балтепе — тврдина и значајно археолошко наоѓалиште која се наоѓа на врвот на ридот Балтепе, веднаш над градот Тетово, оддалечено 2 километри северозападно од центарот. Самото наоѓалиште во археолошки поглед претставува утврдена градска населба од доцноантичкото време и средниот век.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...

Наоѓалиштето претставува културно наследство на Македонија.

Remove ads

Местоположба

Сместена е на помала карпеста височинка со стрмни страни што се издига над десниот брег на реката Пена. На врвот има зарамнето плато наведнато кон југ, со форма на триаголник со димензии од 180 × 130 метри и површина од околу еден хектар, целото опфатено со траса на темели од доцноантички одбранбен бедем.[1]

Историја

Најстарите траги, односно остатоци од ѕидовите на тврдината се големите блокови од бигор, правилно делкани, извадени со диви копања, кои потекнуваат од IV-III век пред н.е. Се претпоставува дека врз темелите на овие ѕидови подоцна, во доцноантичкото време, биле подигнати нови ѕидови цврсто градени од кршен камен и малтер. Тврдината била обновена во средниот век,[2] кога е подигната и црквата „Св. Атанасиј“, која се наоѓа во самиот комплекс на тврдината.

Во турско време бил изграден во периодот на зајакнување на локалните паши. Калето почнал да го гради Реџеп-паша во 1796 година, кој по неговата смрт е наследен од син му Абдурахман Расим-паша. Од 1831 до 1843 година пашата живеел во сарајот што се наоѓал во тврдината на Балтепе. Изгледа дека токму подигањето на оваа извонредно моќна тврдина го вознемирила тур­скиот султан, кој решил да го отповика Абдурахман-паша заедно со неговите браќа (Хавзи­паша од Скопје и Хасан-паша од Ќустендил). По заминување на пашата во Цариград тврди­ната била разурната и ограбена.[3] Поголемиот дел од градбите се срушени и затрупани со земја, а од моќните бедеми се зачувани само делови. Од големиот број на објекти кои постоеле, до денес се зачувани само два, од кои едниот во 2010-тите бил обновен.[4]

Се смета дека некои вредности, како што биле разни резбарии од инвентарот и резбарените тавани и други вредни предмети биле ограбени, пренесени и вградени во некои станбени куќи во Тетово. Со камењата и мермерот од Калето била изградена црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Материјалот, исто така, е употребен и во многу приватни куќи (викендички) во близи­на на Калето.[3]

Бил прогласен за културно наследство на Македонија со решение од 10 февруари 1953 година од страна на Централниот завод. Решението било надополнето со решение од 25 април 1990 година.[5]

Во тек на воениот конфликт во Македонија во 2001 претрпел големи оштетувања кои со годините после конфликтот оштетените делови од објектите биле реновирани и заштитени.

Во периодот февруари-март 2008 година биле преземени активности за чистење и проверување на теренот од остатоци од минофрлачки гранати и други експлозивни направи останати од воениот конфликт во 2001 година. Потоа, во април започнале систематските истражувања на Калето.[3]

Во 2021 година имало иницијатива калето да прерасне во современ културен центар, со што двата постоечки зачувани објекти да се адаптираат во музејски простор и мал мултимедијален центар со концертна и кино-сала.[4]

Remove ads

Опис

Тетовското Кале претставува најмлада фортификациона целина со девет кули, две мону­ментални порти: Тетовската порта (која е срушена) и Лавчанската порта, двојно засводен пра­воаголен простор придружен со уште еден засводен простор, каде што среќаваме остатоци од камин. Кај главната порта, како и кај стражарниците видливи се отвори за затворање на вратите. Сите влезови и прозорци биле аркадно засводени со исклучок на помали прозорци со правоаголна форма изработени од бигор.[3]

На јужниот крај во градиштето е откриен голем број фрагменти од хеленистички и доцноантички керамички садови, питоси и тегули. На истиот простор се регистрирани присуство на големи камени блокови и рановизантиски монети. Утврдената населба на Хисар се поврзува со Оенеј, градот на Пенестите. Имено се смета дека овој град, споменат од Тит Ливиј во врска со нападот на македонскиот крал Персеј на Пенестите во 169 година пред н.е., односно кој по навлегувањето во градот Ускана на вешт начин ја зазел и тврдината на Оенеј, се наоѓал на територијата на Тетово.[1]

Во просторот на Тетовското кале, со векови постои и црквата „Св. Атанасиј“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads