Теја (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Теја (митологија)
Remove ads

Во старогрчката митологија, Теја (/ˈθə/; старогрчки: Θεία), исто така наречена Еврифеса "широкосјајна", е Титанка. Нејзиниот брат/сопруг е Хиперион, Титан и бог на сонцето, а заедно тие се родители на Хелиј (Сонцето), Селена (Месечина), и Еос (Зора).

Кратки факти Теја, Други имиња ...
Remove ads

Потекло на поимот

Самото име Теја едноставно значи "божица" или "божествено"; Теја Еврифеса (Θεία Εὐρυφάεσσα) носи призвук на широчина (εὐρύς, eurys, "широк", корен: εὐρυ-/εὐρε-) и сјајност (φάος, phaos, "светлина", корен: φαεσ-).

Митологија

Thumb
Релјефна скулптура на Теја (Паргамонски олтар)

Постари споменувања

Хесиод во Теогонија во однос на нејзиното потекло вели дека таа е најстарата ќерка на Геја (Земјата) и на Уран (Небото).[2] Роберт Грејвс , вели дека Теја е Еврифеса која го родила Хелиј во митовите кои датираат од класичната антика.[3][4]

Подоцнежни митови

Откако во подоцнежните митови му станала жена на титанот Хиперион, "благооката и најблескавата Еврифеса" во Хомеровата Химна за Хелиј, станала мајка на Хелиј (Сонцето), Селена (Месечина), и Еос (Зора).

Пиндар искажал пофалба за Теја во неговата петти истамска ода:

"Мајка на Сонцето, Теја со многуте имиња, од тебе луѓето го слават златото како помоќно од било што....."

Тука таа е блескава божица но алузијата на Пиндар за "Теја со многуте имиња" укажува дека таа се сведува и на други слични божици, мајки на Сонцето, како што Феба и Лето, но можеби, и на некои поуниверзални фигури на мајки како што се Реја и Кибела.

Remove ads

Поколение

Децата на Теја се:

  • Хелиј - Сонцето
  • Селена - Месечината
  • Еос - Зората

Теја во науката

Митолошката улога на Теја како мајка на божицата на Месечината Селена се применило на името на хипотетичка планета која, според хипотезата за големиот удар, се судрила со Земјата, што резултирало да се создаде Месечината. Алтернативното име Еврифеса се применува за опишување вид на инсект (Dayus euryphaessa) (Kirkaldy, 1907).

Поврзано

  • Старогрчката митологија во популарната култура

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads