Тихомир Јовановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тихомир Јовановски (Лазарополе, 1933 - Скопје, 13 мај 2011 ) — македонски економист, универзитетски професор и научник.
Животопис
Јовановски е роден во 1933 година, во Лазарополе, а во 1969 докторирал на Економскиот факултет во Скопје, каде што бил професор до пензионирањето. Тој бил активен и како автор, при што издал повеќе научни трудови од областа на монетарната економија, го издавал и стручното списание „Економија и бизнис“, а бил активен и во асоцијациите на економистите. Во текот на својата академска кариера, Јовановски објавил околу 500 библиографски единици и трудови.
Во 1995 година, Јовановски бил одликуван со Орден на трудот со златен венец и Орден за заслуги за народ со сребрени зраци. исто така, тој е добитник и на наградата „11 Октомври“ за наука, за животно дело. Од 1983 до 1987 година бил вицегувернер на Народната банка на Југославија, а во 2009 година станал член на Српската академија за економски науки.[1] Јовановски починал во Скопје, на 13 мај 2011 година, а бил погребан на градските гробишта во Бутел.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads