Томо Томоски (историчар)
македонски историчар и археолог From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Томо Томоски (22 декември 1915 - 3 мај 2004 ) — македонски историчар и археолог, еден од водечките медиевисти во земјата.[1][2]
Оваа статија се однесува на историчар. За мијачкиот големец, погл. Томо Томоски (преродбеник).
Remove ads
Животопис
Роден е на 22 декември 1915 г. во Скопје, тогаш окупирано од Царството Бугарија за време на Првата светска војна.[2][1] Завршил основно и средно образование во Скопје,[2] Во 1948 г. дипломирал историја на Филозофскиот факултет при Љубљанскиот универзитет.[2][1]
Во 1949 г. станал асистент на Филозофскиот факултет при Скопскиот универзитет. Во 1958 г. ја одбранил докторската дисертација на тема „Средновековните градови во нашите клисури“. Истата година станал доцент, во 1963 вонреден професор, а во 1970 г. станал редовен професор на факултетот. Бил продекан на факултот и шеф на Катедрата по историја. Предавал општа историја на средниот век и раководел со многу археолошки ископувања.[1] Бил еден од авторите на капиталното дело „Историја народа Југославије“ (1953), тритомната „Историја на македонскиот народ“ (1969), „Историја на македонскиот народ“ на руски јазик во издание на МАНУ, а учествувал и во подготовка на „Енциклопедија на Југославија“.[2] Се пензионирал во 1983 г.
Remove ads
Награди
- Награда „Св. Климент Охридски“ (1976)
- Награда „Гоце Делчев“ (1999)
Трудови
Автор е на бројни монографии и научни трудови:[3]
- 1954: Исправки и дополненија на некои карти од средновековната историја на Македонија
- 1963: Еден изгубен документ за австриската војна во Македонија во 1689 година
- 1964: Белешки по повод воениот поход на Андроник III во Македонија во 1330 год.
- 1965: Апелативи на нашите средновековни градови
- 1969: Еден опис на Македонија од 1905 година (Detailbeschreibung von Makedonien, Wien 1905.)
- 1969: Населението на Битолскиот санџак во 1897 година според статистичкиот преглед на австро-унгарскиог вицеконсул А. Крал
- 1970: Белешки за положбата на некои месности во Македонија во почетокот на XI век
- 1970: Еден редок наод на ѓулиња од камен
- 1970: Полошките хисари во XV век
- 1971: Потеклото и значењето на некои топоними во Македонија
- 1971: Прилог кон убикацијата на Модричкиот манастир
- 1971: Средновековниот град Малешево
- 1972: Свети Град е второ име за средновековниот град Дебар
- 1972: „Чекор напред“ во „откривањето“ на Асамати
- 1973: Средновековните градови во Македонија
- 1975: Во потрага по средновековниот град Девол
- 1976: Средновековен Полог
- 1976: Средновековни градови во Полог
- 1977: Молиск - Молско - Moлескова - (Лескова) - Лехово
- 1978: Овче Поле во средниот век
- 1978: Средновековни градови во Македонија меѓу реките Вардар, Брегалница и Лакавица
- 1979: Преспа во средниот век
- 1980: Butella civitas Pelagoniae
- 1980: Прилог кон топографијата на Климентовата епархија
- 1981: Белешки за неколку малку познати места во средновековна Македонија
- 1982: Μόκρος во историјата на македонскиот народ
- 1984: Стан не е Стаг
- 1992: Како топонимот Манастир се наложил за втор назив на градот Битола
- 1996: Записи за Другувитите во Македонија
- 2002: Котокиј: прилог кон прашањето за неговата идентификација и убикација
- 2004: Топонимите Дрембица и Велика во епископската титула на Св. Климент (прилог кон прашањето за нивната идентификација и убикација)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads