Тополница (Валовишко)
поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тополница (грчки: Τοπόλνιτσα, Тополница) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, веднаш јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело на 1 км југозападно од пиринското село Тополница.[2]
Историја
Праисторија
На околу 2 км јужно од селото во месноста Кременица (во околината на граничната пирамида бр. 63) од двете страни на грчко-бугарската граница е откриена доцнонеолитска населба наречена Драготин-Тополница.[3][4]
Во Отоманското Царство
Според османлиски дефтер од 1570 г. во селото Тополница живеело 21 христијанско домаќинство. Кон него се вбројани и 15 јуручки муслимански семејства кои во живееле како сточари во атарот.[5]
Во XIX век селото ова било чисто македонско село во Петричката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополница (Topolnitza) е село со 25 домаќинства на 80 жители Македонци.[6][7]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Тополница, на десниот брег на Струма спроти Кула. Тука е границата меѓу Петричко и Демирхисарско. Се наиоѓа на источниот крај на Беласица на северозапад од Валовишта 6 часа. На прво место е сточарството. Одовде излегуваат прочуените тополнички волови. 30 къщи Турци, 25 Македонци.[8][9] | “ |
Георги Стрезов го спомнал селото по вторпат и напишал за него:
„ | Тополница, во подножјето на Беласица; се наоѓа на И од Петрич, два часа пат; до Струма нема 1⁄2 час; толкаво е и растојанието до [реката] Струмица. Нивите им се покрај тие две реки. Има 25 куќи, Македонци.[8][10] | “ |
Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 220 жители, сите Македонци-христијани.[6][11]
На почетокот на XX век целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев во 1905 г. во Тополница живееле 224 Македонци, сите под Егзархијата.[6] Имало бугарско основно училиште со еден учител и 36 ученици.[12]
Според митрополитот Емилијан Мелнички на 7 февруари 1908 г. седумчлена чета на ВМОРО на чело со војводата Кочо (веројатно Кочо Хаџиманов) се се судрила со турска војска кај Тополница, губејќи неколку луѓе и документи.[13]
Во Грција
За време на Втората балканска војна во 1913 г. населението е прогонето од грчката војска. Тие се прешле преку границата во во Пиринска Македонија на 1 км од старото село и го основале селото Нова Тополница,[14] кое во 1966 г. е преименувано во Тополница.[15]
Старото село е обновено и во 1920 г. е попишано со 28 жители. Меѓутоа, селото наскоро било напуштено.[1]
Во 1968 г. месноста е преименувана во Асимандо (Άσήμαντο).[16]
Remove ads
Поврзано
- Драготин-Тополница
- Тополница (Пиринско)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads