Кулата

село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кулата
Remove ads

Кулата или Кула (бугарски: Кулата/Кула) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Во минатото се нарекувало Петричка Кула, за да се разликува од блиското село Кула (Серска Кула) во Егејска Македонија, денес преименовано во Палеокастро.

Кратки факти Кулата Кулата, Земја ...
Thumb
Граничниот премин „Кулата-Драготин“, од Пиринска во Егејска Македонија.
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Светиврачко-петричката Котлина, на левиот брег на реката Струма. Се наоѓа крај самата граница помеѓу Пиринска и Егејска Македонија, т.е. најблиско населено место до бугарско-грчката граница по патот Софија - Солун (Европски пат Е79), како и крајна точка на бугарскиот Републички пат I-1 и автомагистралата „Струма“. Поради тоа, тука е сместена царинарницата „Кулата“, во чија надлежност е „Златарево“. Овде е граничниот премин „Кулата-Драготин (Промахон)“.

Remove ads

Историја

Денешното село Кулата е наследник на стара средновековна населба. Во 1950-те, во училишниот двор се откриени темелите на триконхална средновековна црква, која го опслужувала населението од X до XII век. Освен тоа, околу стариот храм се најдени и неколку гробови, во временски распон од X до XIX век. Името на оваа стара населба е непознато, но се претпоставува дека играл улога на заштита на важниот премин низ Рупелската Клисура.[1]

Во XIX век Кулата било мало македонско чифлигарско село во Демирхисарската каза. Во 1830-те, францускиот геолог Ами Буе поминал низ селото и го опишал вака:

На една лига од Бистрица има мала кула, или стара турска стражарница, наречена Кула, обиколена со неколку куќи и добро обработени ниви.[2]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кула (Koula) било село со 20 домаќинства сочинети од 65 Македонци.[3][4]

Во 1891 г. охридскиот интелектуалец Георги Стрезов напишал за селото:

Кула, чифлик во Рупелската Клисура на рид. Нивите сè до Бистрица; има и многу оризарници. До селото, Бистрица се влева во Струма; низ ова село минува и патот за Џумаја, Мелник. Околното поле е плодно во секој поглед бидејќи земјата се кисне, така да се каже, во водата. 20 македонски куќи.[3][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Кула броела 110 жители, сите Македонци-христијани.[3][6]

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. селото веќе прешло во состав на Мелничката каза. Населението на Кулата (Koulata) се состоело од 96 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[3][7]

Во октомври 1925 г. за време на грчко-бугарскиот пограничен конфликт познат како Петрички инцидент, селото Кулата е окупирано од грчката армија.

Remove ads

Установи

  • Кметство
  • Основно училиште „Св. Кирил и Методий“
  • Читалиште „Гоце Делчев“
  • Црква „Св. Атанас“

Слики

Личности

  • Александар Манолев (р. 1976) — политичар, заменик-министер
  • Димитар Панделиев (1927 – 1995) — драматург и писател
  • Емил Рупел (р. 1939) — писател
  • Љубен Пехливанов (р. 1943) — офицер, генерал-полковник
  • Никола Антонов — учител-педагог, борец во Балканските војни во четата на Таската Серски; можно е да е од Серска Кула[8]
  • Лија (Емилија Парушкова; р. 1970) — пејачка

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads