Тополница (Порече)
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тополница — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
За други истоимени места, погледајте Тополница.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,5 км2. На него шумите зафаќаат површина од 1.102 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на обработливото земјиште 185 хектари.[2]
Сместено е во источното подножје на планината Добра Вода.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Тополница било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тополница имало 230 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тополница имало 320 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тополница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е населено со македонско население, но селото е мало. Тоа, во 1961 година имало 253 жители, а во 1994 година само 63 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Тополница имало 36 жители, од кои 33 Македонци и 3 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 24 Македонци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Во селото Тополница живеат родови на Македонци од православна христијанска вероисповед и тоа:
- Доселеници: Ролевци (16 к.) и Ангеловци (7 к.) се со исто потекло и слават Св. Мартинија(?!) и се доселени од некое место во Косово; Шашковци (10 к.) се доселиле од Охридско; Чукалевци (9 к.) (слават и Ѓурѓовден) се доселиле од областа Закамен во „Дебарско“ од каде побегнале од турски „зулум“ и најпрвин биле населени на Космата Глава, потоа во Дрење и на крајот во денешното место.[13]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Тополница се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино и Томино Село.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0242 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Атанасиј” — главна селска црква
Личности
Личности родени во Тополница:
- Андон Апостолоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Војне Здравески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Војне Димоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Билбил Кузманоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Блаже Ѓорѓиоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Јордан Николоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Јордан Ристески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Мицко Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Момир Богатиноски (се фрлил од мостот на Треска кога го терале за интернација)[18]
- Миле Богатиноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Коста Савески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Кочо Ангелоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Спирко Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Спасе Јованоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Стојко Анѓелоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[18]
- Димитар Здравески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
- Милутин Јованоски (1905 - 1944) — загинат во НОБ.[19]
- Милан Апостолски (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[19]
- Раде Симоноски (1912 - 1944) — загинат во НОБ.[19]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads