Трановалто

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трановалто
Remove ads

Трановалто (грчки: Τρανόβαλτο) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 614 жители (2021).

Кратки факти Трановалто Τρανόβαλτο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа околу 25 км југозападно од општинскиот центар Серфиџе, во непосредна близина на Зиданскиот манастир, во северозападните падини на планината Камбуница и во западното подножје на планината Алонорахи, на надморска височина од 670 м.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Денешното село е основано околу 1872 година. Порано, на неговата денешна месност постоели три помали населби.[3]

Во XIX век Трановалто било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мегалос Валтос се води како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 50 куќи.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Трановалтон живееле 300 Грци христијани.[5] Според грчка атинска статистика од 1910 година во Трановалто живееле 300 Грци христијани.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 326 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 338 лица.[2]

Во 1950-тите се доселени семејства од планинското село Падеж, поради што во пописот од 1951 г. броело 1.093 жители, а во 1961 г. 911 лица.[2]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува пченка, жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[2]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

  • Основно училиште

Самоуправа и политика

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 86 квадратни километри.[2] Општината Трановалто била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.

Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат Лазарадес и Низиско.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[7]

  • Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1953 г.
  • Црква „Св. Петка“ — најстара црква во селото, изградена во 1726 г.
  • Црква „Св. Никола“ — изградена во 1753 г.
  • Црква „Пресвета Богородица“ — изградена во 1726 г.
  • Црква „Св. Христофор“ — изградена во 1963 г.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads