Трнка

поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Трнкаmap
Remove ads

Трнка или Трнков Чифлик (грчки: Δαμάσκηνο, Дамаскино; до 1927 г. Τρίνκα, Тринка[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2]

Кратки факти Трнка Δαμάσκηνο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало на 35 км северно од Сер и на 20 км северно од Валовишта. Лежи во Светиврачко-петричката Котлина, во северното подножје на Сенгелска Планина. Сместено е на границата со Бугарија, кај вливот на река Башлица во Бистрица.

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Трнка било македонско село во Демирхисарската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трнка чифлик (Trenka tchiflik) било село со 56 домаќинства на 170 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Трнков Чифлик, му припаѓа на К. Златков, богаташ серјанин. Од Валовишта на С 3 часа; до една од сенгеловските реки, која ја прави почвата прилично плодна. Жителите се сите Македонци и има до 25 куќи.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Трнка живееле 150 Македонци.[3][7]

Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трнков Чифлик (Trinkof-Tchiflik) имало 173 Македонци, сите под Егзархијата.[3][8]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Трнка настрадала во војните, и затоа нејзиното население значително опаднало. Во 1913 г. населението броело 71 жител, а во 1920 г. во него се попишани 52 лица.[2] Во 1923-1924 г. неколку семејства од селото се иселиле во Бугарија, па затоа на пописот од 1928 г. во него се забележани само 35 жители.[2] Во 1927 г. селото е преименувано во Дамаскино.

Во 1940 г. населението пораснало на 55 жители. Во Граѓанската војна, под пристисок на власта, преостанатите жители се иселиле во Бугарија и селото повеќе не било обновено.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads