Трстеник (Крушевско)

историско село во Крушевско From Wikipedia, the free encyclopedia

Трстеник (Крушевско)map
Remove ads

Црквата „Св. Василиј“ во месноста Трстеник

Кратки факти

Трстеник — некогашно влашко село во близината на Крушево.

Remove ads

Географија

Селото се наоѓало непосредно јужно од градот Крушево.

Историја

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе (Албанија) и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството.[2]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трстеник (Trasténik) имал 65 домаќинства и 65 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трстеник имал 95 жители, сите Власи христијани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Трстеник се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.[6] Подоцна жителите на селото се иселиле, претежно во Крушево и Прилеп.[2]

Почнувајќи од 1995 г. во месноста Трстеник е изградена црквата „Св. Василиј Велики“, која е осветена во 2008 г.[7][8] Изградена е врз темелите на старата селска црква.[9].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads